сабота, јануари 08, 2011

Мекманаман:Бензема мора да блесне во отсуство на Игуаин

Posted on 1/08/2011 by Raisinloaf


Поранешниот играч на Реал Мадрид , Стив Мекманаман верува дека Бензема има талент да успее во дресот на Реал Мадрид.23 годишниот Французин сеуште го нема импресионирано тренерот Мурињо иако прикажа добри игри во Лигата на Шампионите и Копа Дел Реј , тој целосно потфрли во Примера.Мекманаман го фали Бензема но и советува дека мора да почне со добри игри и да ја превземе контролата над самиот себе.

Мекманаман:Карим сеуште не може да се пронајде себеси , можеби сеуште му претставува проблем јазикот , но мина доста време во дресот на Реал и мора да почне да импресионира.Мурињо се труди да го извади најдоброто од него но тој како да не е заинтересиран.Сепак тој има огромен талент, тоа е неспорно но ако сака да се докаже во дресот на Реал , сега е моментот , кога Игуаин ке биде надвор од терените неколку месеци а Кака штотуку се врати.Мурињо одлично го води тимот, и освен поразот од Барселона се друго е перфектно.Сепак Барса не е многу пред Реал, мислам дека тимот има уште простор да напрадува и порази Барса на возвратниот дуел.

No Response to "Мекманаман:Бензема мора да блесне во отсуство на Игуаин"

Leave A Reply