недела, јануари 30, 2011

Најава : Осасуна - Реал Мадрид

Posted on 1/30/2011 by Raisinloaf



Реал Мадрид денеска го игра 21 - от натпревар во склоп на Шпанското Првенство на гости против незгодната Осасуна.Во последно време може да се забележи малата криза кај Реал Мадрид.На тоа предупредуваше Мурињо со оглед дека Реал одигра многу натпревари во овие 8 месеци колку е Жозе на клупата и затоа морал да прави многу ротации.Вечерва Реал би требало да биде комплетен , освен отсуството на Марсело поради грип.Колку е Осасуна незгоден противник покажува податокот дека на последните пет натпревари , четири противници не постигнале погодок кај Осасуна.И Реал се намачи против Осасуна па првиот натпревар заврши со 1:0 а единствен стрелец беше Рикардо Карваљо.Реал патува кај Осасуна со една цел , а тоа е победа за да се задржи чекорот со Барселона.

Моментална Форма : Осасуна на последните пет натпревари на домашен терен дури на четири ја зачувала својата мрежа , но што се однесува на последните пет натпревари севкупно и не е толку сјајно.Поразени се на три гостуванја , додека дома два пати одиграа 0:0 и сетоа тоа е причина да се едно место над зоната за испагање со 18 бодови , колку што има и Леванте едно место под нив.Но ниту Реал не е оној кој што го гледавме на почетокот од сезоната.Во четири од последните пет натпревари успеале да постигнат само по еден погодок и тоа 1:0 Атлетико Мадрид,Севиља,Мајорка а ремизираа со Алмерија 1:1.Во првиот натпревар со Атлетико од Купот триумфираа со 3:1 на домашен терен.Реал Моментално е втор со 51 бод , и 7 помалку од Барселона која има натпревар повеке.Реал примил погодок на секој од последните пет гостувања што не е добар податок.

Можни Состави :

Осасуна - 4-2-3-1 формација :

Голман : Рикардо
Одбрана: Дамиа,Серхио,Флано,Нелсон
Средина: Пандиани,Каминас,Коро,Сориан,Пунал
Напад  : Аранда

Реал Мадрид - 4-2-3-1 формација :

Голман : Касиљас
Одбрана: Рамос,Карваљо,Албиол,Арбелоа
Средина: Алонсо,Кедира,Озил,Ди Мариа
Напад  : Бензема

Меѓусебни Дуели :
Реал Мадрид и Осасуна досега имаат одиграно 65 натпревари меѓусебе и на тие натпревари Реал има 39 победи , Осасуна 12 а 14 натпревари се играло нерешено.Гол Разликата е 132:65 на страна на Реал.

No Response to "Најава : Осасуна - Реал Мадрид"

Leave A Reply