вторник, јануари 25, 2011

Мурињо стави ембарго помеѓу играчите и Валдано

Posted on 1/25/2011 by Raisinloaf


Натписите за заминувањето на Мурињо од Реал мадрид повторно се актуелни ако Мурињо ги демантираше.Според АС , Португалецот му забранил на Валдано да доаѓа на тренинзите.Исто така му поставил ултиматум на Перез дека или ке замине Валдано или тој ке замине прито забранувајки му да присуствува на тренинзите,да влегува во соблекувалните за време и по натпреварите.Мурињо смета дека тоа не е работа на Валдано и не треба да разговара со играчите и да ствара додатен притисок.Мурињо тоа што му го забрани на Валдано , му го дозволува само на Мигел Пардеза кој досега беше на страна во целава збрка.Пердеза е спортски директор на Реал Мадрид а неговите работи досега ги работеше Валдано кој е генерален директор на Реал Мадрид.

Мурињо демантира?

Мурињо денеска им даде до знаење на медиумите дека нема да оди по нивно и нема да одржи прес конференција , наместо тоа помошникот на Мурињо , Аитор Каранка ке одржи краток прес.Мурињо и во иднина вака ке постапува со медиумите доколку не престанат шпекулациите и лагите кои го поврзуваат Реал.Мурињо на почетокот на сезоната изјави дека ниеден клуб не дава толку изјави како Реал Мадрид и доколку медиумите тоа го злоупотребат ке мора да им дојде крајот на интервјуата на играчите и вработени во Реал со цел да се задржи концентрацијата и мирот во екипата.

No Response to "Мурињо стави ембарго помеѓу играчите и Валдано"

Leave A Reply