недела, јануари 23, 2011

Најава : Реал Мадрид - Мајорка

Posted on 1/23/2011 by Raisinloaf


Реал Мадрид денеска на Сантијаго Бернабеу со почеток во 19:00 часот ја пречекува Мајорка во склоп на 20.коло од Ла Лига.По киксот минатото коло против Алмерија , Реал е приморан вечерва да оди само на победа откако Барселона вчера славеше над Сантандер и сега има 7 бода предност пред Реал но и натпревар повеке.Иако вечерва Реал треба да настапи со полн состав , сепак ке отсуствува Кедира кој се жалеше на повреда.Па на негово место во стартниот ред до Алонсо ке биде Фернандо Гаго.Мајорка сезонава има 6 порази на гостувањата , но се таква екипа на која мора да се внимава , посебно Реал кој вечерва би можел да заигра без класичен напаѓач , што би можело да биде сериозен проблем ако се знае дека Мајорка го има можеби и најдобриот стопер во лигата - Нуњес , кој би бил задолжен да ги стопира нападите на Бензема или Роналдо.

Моментална Форма
: Реал со киксот кај Алмерија си направи големи проблеми во домашното првенство.Моментално има 48 бода како и стопостотен учинок на домашен терен , додека во последните 5 натпревари имаат 3 победи , двапати над Атлетико и еднаш над Виљареал.Потоа еднаш ремизираа со Алмерија минатата недела и поразени се од Леванте на возвратен дуел од Кралскиот Куп на веке добиен двобој.Мајорка пак оваа сезона не ја оправдува улогата на една од најдобрата екипа на домашен терен а се доста лоши и на гостувањата.Во последните пет натпревари ги совладаа Херкулес и Алмерија на домашен терен додека се поразени од Атлетико на гости и два пати од Алмерија со по 4:3 во Купот.Моментално се десетти на табелата со 27 бодови од кои само 7 се од гостувањата.

Можни Состави
: Реал вечерва би можел да настапи со формација 4-2-4-1 без повредениот Кедира составот би изгледал вака:

Касиљас,Арбелоа,Рамос,Карваљо,Марсело,Гаго,Алонсо,Ди Мариа,Роналдо,Озил и Бензема.

На клупата Мурињо ги има Леон,Диара,Кака,Гранеро,Каналес,Гарај,Албиол,Пачеко и Адан.
Мајорка исто така игра со формација 4-2-3-1 со состав:

Ауате,Кевин,Нуњес,Ратињо,Виктор,Техера,Пареира,Кастро,Нсуе и Вебо.

На клупата достапни се:
Серхи,Туни,Кавенаги,Рубен,Креспи,Ауозе и Лукс.

Меѓусебни дуели : Реал и Мајорка досега имаат одиграно 25 натпревари во Ла Лига на Сантијаго Бернабеу.Реал има 18 победи додека Мајорка славела само 4 а 3 пати завршило со нерешен резултат.Во севкупниот скор од меѓусебни натпревари Реал има 32 победи додека Мајорка има 12 а 11 завршиле нерешено.Гол разликата изнесува 108:53 во корист на Реал.

No Response to "Најава : Реал Мадрид - Мајорка"

Leave A Reply