среда, јануари 26, 2011

Мамаду Диара преминува во Малага

Posted on 1/26/2011 by Raisinloaf


Мамаду Диара највероватно својата кариера ке ја продолжи во Малага.Со доаѓањето на Адебајор , Реал Мадрид мора да ослободи место во тимот и многумина тврдат дека од составот ке биде отпишан Гонзало Игуаин но Мурињо верува дека Пипита ке настапи на последните 5-6 Првенствени натпревари.Репрезентативецот на Мали игра многу малку сезонава и со неговата продажба која би изнесувала 2-3 милиони евра ке биде финансиран трансферот на Адебајор.Откако Малага е во сопственост на богат шеик , оди по стапките на Англискиот клуб Манчестер Сити и се доста активни на трансфер пазарот.За Момо се заинтересирани и Севиља,Валенсија,Херкулес и Атлетико Мадрид како и Милан,Блекбурн и Лион.Сепак до крајот на преодниот рок има уште неколку дена и Малага ке мора да побрза со преговорите ако сака да го ангажира Диара.

No Response to "Мамаду Диара преминува во Малага"

Leave A Reply