четврток, јануари 20, 2011

Најава : Атлетико Мадрид - Реал Мадрид

Posted on 1/20/2011 by Raisinloaf


Вечерва на програмата е интересен дуел од четвртфиналето на Купот на Шпанија помеѓу Атлетико и Реал.Првиот натпревар заврши со победа од 3:1 за Реал Мадрид.Откако Реал буквално доминираше на првиот натпревар , сега на Винсенте Калдерон ке има тешка мисија да ја зачува предноста од првиот натпревар и да се пласира во полуфиналето.Доколку се пласира во полуфиналето Реал ке се сретне Севиља.

Моментална форма : Атлетико Мадрид не ги ужива најдобрите денови.Екипата на Кике Санчез Флорес во последните пет натпревари има само една победа.И кај Реал не е се толку сјајно откако кога сите мислеа дека трите бода на гостувањето кај Алмерија лесно ке се освојат , стигна казната и непланираното реми.Гол разликата на Реал во последните пет натпревари е 11:8 што никако не го радува тренерот Мурињо.

Можен состав : Атлетико вечерва сигурно ке се обиде да го изненади Реал , иако кај нив ке отсуствува Кун Агуеро.Највероватно ке настапат со 4-2-3-1 формација со Де Геа,Улфајуши,Переа,Домингез,Луис,Асунсао,Тиаго,Рејес,Мерида,Хуанфран и Форлан.

Реал истотака ке настапи со формација 4-2-3-1 и тоа највероватно со Бензема во нападот.Стартните 11 би биле овие:Касиљас,Арбелоа,Рамос,Карваљо,Марсело,Гаго,Алонсо,Озил,Ди Мариа,Роналдо и Бензема.

No Response to "Најава : Атлетико Мадрид - Реал Мадрид"

Leave A Reply