понеделник, јануари 10, 2011

Жозе Мурињо најдобар тренер за 2010 година!

Posted on 1/10/2011 by Raisinloaf


И официјално , Жозе Мурињо е прогласен за најдобар тренер на светот за 2010 година од страна на ФИФА и Франс Фудбал.

Над 150 новинаро на Франс Фудбал и околу 200 капитени и тренери денеска го одбраа најдобриот тренер за 2010 година во светот.Во Цирих каде Мурињо во негов стил пристигна со задоцнување , но сепак навреме за да ја прими наградата , тренерот на Реал Мадрид и поранешен на Интер е прогласен за најдобар во светот за минатата година.Мурињо изјави дека е почастен со оваа награда , и дека е првиот тренер кој ја добил оваа награда бидејки започна да се доделува од оваа година во соработка помеѓу ФИФА и Франс Фудбал.Мурињо на крајот заплака откако Весли Снајдер му упати неколку зборови по што предизвика аплауз помеѓу присутните.Мурињо во изборот за најдобар тренер ги победи поранешниот тренер на Реал Мадрид и актуелен на Шпанската Репрезентација , Винсенте Дел Боске кој беше фаворит според повекето медиуми и тренерот на Барселона ,Пеп Гвардиола.На оваа свеченост се одбра и најдобриот тим за 2010 година и уште неколку награди меѓу кои и за најдобар гол кој му припадна на Хамит Алтинтот а наградата која ја прими е наречена според легендата на Реал Мадрид - Ференц Пушкаш.

No Response to "Жозе Мурињо најдобар тренер за 2010 година!"

Leave A Reply