петок, јануари 07, 2011

Кјелини замена за Пепе

Posted on 1/07/2011 by Raisinloaf


Управата на Реал Мадрид дефинитивно се откажа од продолжување на договорот со Пепе кој според понуденото треба да остане на Бернабеу сдо 2015 , пишува Кадена СЕР

Наводно , Пепе продолжува да ги одбива понудите на Реал иако до пред неколку недели се мислеше дека ке потпише нов договор за годишна плата од 4.5 милиони евра.Тој бара од 5.5 милиони до 6.5 милиони евра што раководството мисли дека се превисоки за него.Реал со ова е принуден на лето да прифати некоја од понудите што доаѓаат од Англија , поточно од Манчестер Јунајтед ,Сити и Челзи.Реал како замена за Пепе го пикирал стоперот на Јувентус , Џорџо Кјелини.Проблем би можел да претставува договорот помеѓу играчот и Јувентус кој трае до 2015 година.Кјелини исто така сака да настапува во клуб каде ке освојува трофеи и игра во Лигата на Шампионите што во моментов не е случај со Јувентус.Реал за него би можел да плати до 25 милиони евра,пари што би ги обезбедиле со продажбата на Пепе.Доколку не успее во намерите да се ангажира Кјелини , Реал ке тргне по уште еден играч од Италија , поточно стоперот на Милан , Бразилецот Тиаго Силва.Со се повекето шпекулации околу иднината на Пепе , се повеке се навестува неговото заминување а во прилог оди и статистиката која говори дека со доаѓањето во Реал во 2007 година , Пепе одиграл само 70 натпревари а причина за тоа е лошиот темперамент на играчот и се почестите повреди кои ги заработува а по последната на мечот со Леванте од Кралскиот Куп ке паузира еден месец , што му задава додатни главоболки на Жозе Мурињо.

No Response to "Кјелини замена за Пепе"

Leave A Reply