среда, јануари 05, 2011

Роналдо најдобар , 60 погодоци во 61 натпревар

Posted on 1/05/2011 by Raisinloaf


Кристијано Роналдо моментално е најдобар стрелец во Европа.Во Реал по 18 месеци откако дојде од Јунајтед во 61 натпревар постигна 60 погодоци.Иако многумина тврдат дека 93 милиони евра се премногу , колку што плати Реал на Јунајтед сепак португалецот со овие постигнувања ги демантира сите.Со овие досгнувања тој го надмина легендите на Реал , Пушкаш со 55 погодоци,Ди Стефано 52 погодоци,Пахина 50 но и Бразилскиот Роналдо кој постигна 43 погодоци во толку одиграни натпревари.Роналдо воедно е еден од ретките кои постигнале 19 погодоци во 17 натпревари во домашното првенство.Тоа досега им појде од рака на Алдај,Ди Стефано и Хуго Санчез.Во борбата за Пичини трофејот , Роналдо има 20 погодоци дури 3 повеке од Меси.

Најдобри Стрелци на Реал Мадрид по 17 одиграни натпревари

  • 1941/42 - Алдај - 19 погодоци
  • 1956/57 - Ди Стегано - 19 погодоци
  • 1989/90 - Хуго Санчез - 19 погодоци
  • 2010/2011 - К.Роналдо - 19 погодоци
  • 1935/36 - Сањудо - 18 погодоци
  • 1929/30 - Рубио Мелиа - 17 погодоци
  • 1950/51 - Пахињо - 17 погодоци
  • 1977/78 - Сантилиана - 17 погодоци
  • 1994/95 Заморано - 17 погодоци

Дека моментално во напаѓачките задачи му нема рамен, покажува и фактот дека е лидер во борбата за две награди.Едниот оној кој го доделува МАРКА - Пичини трофејот каде му се сметаат 20 погодоци (му се смета погодок од слободен удар кој ЛФП го препиша на Пепе)па има три повеке од Меси.И во борбата за Златната Копачка на УЕФА води со два повеке од Меси.

Листа на најдобри стрелци во Европа - Златна Копачка

  • Кристиано Роналдо (Реал Мадрид) - 19 погодоци - 38 поени
  • Лионел Меси (Барселона) - 17 погодоци - 34 поени
  • Милер (Ренџерс) - 21 погодок - 31,5 поени
  • Велингон (Спартак Москва) - 20 погодоци - 30 поени
  • Гекаш (Ајнтахт) - 14 погодоци - 28 поени
  • Бербатов (Манчестер.Ј) - 14 погодоц - 28 поени
  • Муса Сов (Лил) - 14 погодоци - 26 поени
  • Сисе (Фрајбуг) - 13 погодоци - 26 поени
  • Нене (ПСЖ) - 13 погодоци - 26 поени
  • Пост (Флора Талин) - 24 погодоци - 24 поени
  • Дембеле (Левски) - 16 погодоци - 24 поени
  • Восен (Генк) - 16 погодоци - 24 поени

No Response to "Роналдо најдобар , 60 погодоци во 61 натпревар"

Leave A Reply