понеделник, декември 06, 2010

Tотенхем и Челзи го сакаат Ласана Диара

Posted on 12/06/2010 by Raisinloaf


Тотенхем и Челзи наводно се заинтересирани за францускиот интернационалец во редовите на Реал Мадрид - Ласана Диара, објави дневиот весник Гардијан кој се повикува на извори од Шпанија.

Тотенхем наводно веке спремил 15 милиони евра за Диара кој од почетокот на сезонава го загуби стартното место со доаѓањето на Сами Кедира, но за разлика од некои играчи не може да се жали дека не добива шанса.Диара е проценет на 20 милиони евра од страна на Реал , а има договор до 2013 година а Тотенхем го означи како примарна цел за летниот трансфер период.Оваа новост ја објави Гардијан кој повикувајки се на шпански извори оваа вест ја надополни и со друг лондонски клуб.Наводно назад во Англија го сака и неговиот поранешен клуб Челзи кој исто како и Тотенхем е подготвен да даде 15 милиони евра.Реал Мадрид нема намера да го продава Диара ,додека на трансфер листата веке има неколку играчи , меѓу кои Мамаду Диара за кој има интерес од Франција и Италија.И Серхио Каналес се поврзува со заминување но само на позајмица од 6 или 12 месеци.25 годишниот Лас исто така одби можно заминување од Реал со намера да се бори за стартно место во првиот тим.

No Response to "Tотенхем и Челзи го сакаат Ласана Диара"

Leave A Reply