понеделник, декември 06, 2010

Eдин Џеко е спремен да плати дел од трансферот во Реал

Posted on 12/06/2010 by Raisinloaf



Един Џеко сериозно ја сватил намерата да премине во Реал во Јануари , па се одлучил на неколку потези со цел тоа да се оствари.Имено откако Волфсбург одлучи дека 25 милиони се премалку за Џеко , јасно давајки до знаење дека сите заинтересирани за него ке треба да издвојат 40 милиони , Џеко разговорал со спортскиот директор на Волфсбург , Хенес да ја намали неговата цена со цел Реал да продолжи со преговорите за негов ангажман , но откако не успеал во намерата тој решил да го кофинансира неговиот премин во Реал, јавуваат германските медиуми.Тој јавно им порачал на челниците на Реал да платат 40 милиони за него а во договорот за личните услови , тој би решен да плати 10% од трансферот преку неговата плата во рок од пет години колку би траел неговиот договор со Реал.Исто така порачал дека со неговите голови тој целосно ке ги оправда вложените средства.Доколку од Реал се согласат на вакво нешто наместо 40 милиони ке платат 36 милиони што и понатаму се чини преголема цена за Реал Мадрид.

No Response to "Eдин Џеко е спремен да плати дел од трансферот во Реал"

Leave A Reply