понеделник, декември 06, 2010

Роналдо лидер во трката за Златна Копачка

Posted on 12/06/2010 by Raisinloaf


Кристијано Роналдо оваа недела ја превзема лидерската позиција во борбата за Златната Копачка , награда која се доделува на најдобриот стрелец во Европа.Роналдо досега има постигнато 16 погодоци во првенството според Фифа и затоа има 32 погодоци (Секој погодок во најдобрите пет првенства во Европа се помножува x2) , на второто место се наоѓа Лионел Меси со 15 погодоци и 30 бодови а на третото место се наоѓа Велитон од Спартак Москва со 19 постигнати погодоци но поради тоа што не игра во најдобрите пет првенства еден негов погодок се помножува со x 1.5 и на негово конто има 28.5 бодови.Потоа следат Кени Милер со 27,Теофанис Гекаш и Муса Сов со 26 бодови , Баје Џиби Фал со 24 , исто имаат и Пост и Дембеле , додека на 10-то место во порбата за оваа награда се наоѓа напаѓачот на Манчестер Јунајтед , Димитар Бербатов со 11 постигнати погодоци што му носат 22 бодови.

Роналдо се наогра во водство и во уште една слична награ за најдобар стрелец која ја доделува весникот Марка за најдобар стрелец во Шпанија односно Пичини наградата.Но според Марка , Роналдо има постигнато 17 погодоци наместо 16 според Фифа.

No Response to "Роналдо лидер во трката за Златна Копачка"

Leave A Reply