понеделник, декември 13, 2010

Mурињо без 8 играчи против Севиља

Posted on 12/13/2010 by Raisinloaf


Жозе Мурињо против Севиља нема да може да смета на дури 8 играчи,поради повреди и санкции а тоа може да биде проблем кога се работи за дуелите со Севиља.Секако тој број може и да биде поголем доколку Кедира не се опорави дотогаш.Поради санкциите кои вчера ги добија Марсело и Алонсо поради збир од 5 жолти ке одмараат еден натпревар , додека останатите се повредени.Некои се стандардни првотимци а некои не.Мурињо се жалеше на судењето во Примера изјавувајки дека неговите фудбалери не смеат да прават тоа што другите смеат , а и малку кои судии го заштитуваат Роналдо од остри стартови како што тоа го прават со некои други , мислејки на Меси.

Ос првиот тим , ке отсуствуваат Игуаин и Рамос кои ке паузираат до крајот на оваа година , додека од резервните повредени се Каналес,Дудек,Гаго и Кака.Кедира е сеуште неизвесен иако Мурињо тврди дека ке биде подготвен.Тимот против Севиља би изгледал вака:

Касиљас,Лас и Арбелоа на бековските , Пепе и Карваљо стопери , Кедира и Диара дефанзивни плејмејкери и напред Ди Мараи,Роналдо,Озил и Бензема.

Се очекува и на тој натпревар во тимот да биде Мората но и Сарабиа кој не беше повикан за мечот со Сарагоса.

No Response to "Mурињо без 8 играчи против Севиља"

Leave A Reply