понеделник, декември 13, 2010

Мората : Не би го продал овој дрес ни за 20 милиони

Posted on 12/13/2010 by Raisinloaf


Алваро Мората дебитираше во дресот на Реал Мадрид.Иако не доби голема минутажа сепак е пресреќен поради пружената шанса.29 Октомври на навивачите им е во сеќавање поради дебито на Раул 1994 на Ла Ромаледа против Сарагоса.Раул тогаш не постигна погодок а Алваро Мората кој многумина го гледаат како нова ѕвезда на тимот исто така дебитираше во дресот на Реал на Ла Ромаледа.Носеше бро 29 на дресот а во игра влезе во 89 минута на местото на Анхел Ди Мариа.Имаше изгледна шанса да постигне погодок но не успеа во тоа но сепак беше пресреќен поради влегувањето во игра.

Мората:Дебито ми го исполни сонот да играм за Реал.Ја посветувам таа ноќ на пријателите,клубот,оние кои секогаш се со мене и стално ме бодрат,кои ме расположуваат кога сум нерасположен,своите родители и сестра ми која беше на трибините.Не би го продал овој дрес ни за 20 милиони евра.Овој натпревар сигурно би бил подобар ако постигнав погодок но не успеав во тоа.Мурињо ми пријде по натпреварот и ми честита - изјави пресреќниот Мората кој веке е миленик на навивачите на Реал.

No Response to "Мората : Не би го продал овој дрес ни за 20 милиони"

Leave A Reply