понеделник, декември 13, 2010

Роналдо и Меси без конкуренција на врвот

Posted on 12/13/2010 by Raisinloaf


Роналдо и Меси се двајцата водечки стрелци во Примера.Тиа ја продолжуваат нивната борба но осамени.Тие не попуштаат во борбата за наградата Ел Пичини и Златна Копачка а зависно која награда ја гледате , Роналдо е во водство за Ел Пичини а изедначени се за Златна Копачка.За Златна Копачка двајцата имаат по 17 погодоци во Примера што им дава збир на 34 поени.Но за Ел Пичини во водство е Роналдо со 18 погодоци но не поради тоа што има постигнато гол во купот или некое друго натпреварување , туку поради тоа што правилата на двете награди се различни.Марка смета 18 погодоци за Роналдо бидејки ЛФП според правилата на Фифа погодок од слободен удар на Роналдо го има пресметано на Пепе додека Марка го смета за Роналдо.Но сезоната е долга и Роналдо и Меси имаат уште многу да докажат што умеаат а со моменталната форма можеме да бидеме задоволни од нивните игри.

No Response to "Роналдо и Меси без конкуренција на врвот"

Leave A Reply