сабота, декември 25, 2010

Реал прави место за Мартинез , Гранеро заминува?

Posted on 12/25/2010 by Raisinloaf


Како што се приближува зимскиот преоден рок се повеке шпекулации го поврзуваат Реал.
Неверојатна е медиумската заинтересираност за Реал Мадрид и неговите играчи секој трансфер период.1.Јануари официјално се отвара преодниот рок па се повеке медиумите се интересираат за Реал , кој ке си оди,кој ке биде купен или кој ке оди на позајмица.Последен во низата е Естебан Гранеро.Реал наводно одлучил Каналес да оди на позајмица , Махмаду Диара веројатно ке биде продаден.Реал така ке направи простор за останатите играчи но се шпекулира дека имат во план и да ги засилат своите редови со уште некој квалитетен играч кој би бил алтернатива за Алонсо и Кедира.Но продажбата на Махмаду Диара не е доволна за да се створи доволно простор па клубот се решил да го стави на продажба Естебан Гранеро.

Валдано ги разгледува понудите

 Извршниот директор на Реал Мадрид и десна рака на Перез , Валдано заедно со Мигел Пардеза размислуваат што е најдобро решение.Тие наводно стапиле во контакт со сите заинтересирани за Гранеро и наводно и самиот играч веке започнал преговори со Севиља екипа која има најмногу шанси да го доведе Гранеро во своите редови и се спремни да плата 8 милиони на Реал и 2 милиони годишно на Гранеро.Валдано смета дека продажбата на Гранеро е најдобра опција за клубот и играчот бидејки во договорот би имал опција во следните две години Реал за 12 милиони да го врати на Бернабеу.


Тео Лазар ги кочи преговорите

Но , Марка тврди дека проблеми уште постојат.Реал нема лесно да се ослободи од играчите кои имаат договор до 2013 година.Тео Лазар пред 5 месеци ги предупреди челниците на Реал дека мора да му дадат повеке минутажа на неговиот клиент , а сега кога сакаат да го продадат се заканува дека ке ги тужи бидејки ке го испочитувале договорот.Тоа претставува голем проблем за што и Валдано е свесен.Тоа што Лазар сака е Реал да плати 50% од договорот или Гранеро ке го блокира својот трансфер.Лазар при доаѓањето на Гранеро во Реал бараше дупло поголема плата што клубот му ја нудеше но на крајот сепак се договорија.Гранеро е проценет на 7 милиони а откупната цена е поголема за еден милион бидејки има договор до 2013 година.


Продажбата на Гранеро прави место за Мартинез?

Чави Мартинез е наводно причината што Гранеро е на излезна врата од Реал.Овој 22-годише играч е проценет на 20 милиони евра но има договор со Атлетик Билбао до 2014 што им дава можност да бараат повеке.Билбао највероватно ке бара 25 милиони што Реал се обидува да ги обезбеди од продажбата на Гранеро и Диара плус 5 милиони евра од касата на Реал со што би се собрале 17 милиони , 8 помалку од сумата што ја бара Билбао.



Овој играч искажа задоволство што е поврзуван со Реал Мадрид , но сака да тргне по стапките на својот соиграч Хосеб Ечебериа кој го носеше дресот на Билбао 15 години а во последната сезона играше без никаква надокнада и плата.


Гранеро во септември:Мурињо ми рече дека сум потребен



За проблемите со агентот на Гранеро и управата се зборуваше во текот на цела сезона и самиот играч мораше да интервенира со своја изјава.Кажа дека Мурињо му рекол дека е потребен на клубот што му дал мотивација да продолжи со работа и да се избори а стартно место.Гранеро денес е далеку од стартно место и тоа е причина што би прифатил да замине во Севиља.

No Response to "Реал прави место за Мартинез , Гранеро заминува?"

Leave A Reply