среда, декември 29, 2010

Манчестер Јунајтед со официјална понуда до Реал Мадрид

Posted on 12/29/2010 by Raisinloaf


Манчестер Јунајтед доставил официјална понуда до Реал за Ласана Диара јавуваат британските медиуми кои велат дека Реал Мадрид сериозно ја разгледува понудата.
Лас е цел број еден за Фергусон.Тренерот на Манчестер има проблеми со средниот ред со оглед дека Харгривс и Сколс имаат проблеми со повредите но и годините ги стигнаа.Диара не сака да замине а и наводно раководството на Реал не било задоволно од понудата и ке бара повеке.25-годишниот французин е проценет на 18 милиони евра и има договор до 2013 година и е еден од најдобрите клупски играчи.Мурињо доста пати изјави дека Лас е еден од најбитните играчи за Реал со оглед дека игра на доста позиции.Реал наводно од Ласана би се откажал само со понуда од 25 милиони евра што сигурно нема да го радува Фергусон.

No Response to "Манчестер Јунајтед со официјална понуда до Реал Мадрид"

Leave A Reply