понеделник, декември 20, 2010

Мурињо:Натпревар кој треба да се заборави

Posted on 12/20/2010 by Raisinloaf


Жозе Мурињо не застанува да напаѓа по вчерашниот натпревар со Севиља каде судијата имаше катастофални грешки.Да се потсетиме , Реал вчера со играч помалку ја победи Севиља со голот на Анхел Ди Мариа.Судијата на овој натпревар покажа 13 жолти картони (вклучувајки 2 на Карваљо) и еден црвен директен картон на Осман Дабо од Севиља.

"Судијата направи 13 озбилни грешки" - Коментираше Мурињо на прес конференцијата по натпреварот , држејки го листот на кој ги имаше забележано сите сериозни грешки на судијата.

"Не се чуствувам под притисок додека го водам Реал.Но уморен сум што мора да реагирам на вакви работи.Моите играчи треба да ги бранам , бидејки ако кажам што мислам утре ке бидам на насловните и ке ме суспендираат.Во клубот постои структура и очекувам дека раководството на Реал ке реагираат и ке застанат за моите играчи"

За самата утакмица со Севиља , Мурињо прокоментираше:

"Беше тоа натпревар за заборавување.Играта беше грда и не би платил ништо за тоа да го гледам.Да седев дома пред и преку ТВ екраните да го гледав натпреварот , веднаш ке го сменев каналот и ке гледав натпревар од Виетнамската лига.Но мора да ги пофалам моите играчи кои како да се од друга планета.Покажаа неверојатен карактер и победија и покрај отсуството на неколку важни играчи.Со моите момци сум многу задоволен , сјајни се на теренот и вон него"

Најде време и за Бенитез.

"Видете каков човек е тоа, наместо да ми заблагодари за титулите кои му ги поклонив тој вака се понаша.Доволно е што знам што играчите и навивачите на Интер мислат за мене , друга сатисфакција не ми треба".-Заврши Мурињо

No Response to "Мурињо:Натпревар кој треба да се заборави"

Leave A Reply