понеделник, декември 20, 2010

Бензема повторно на удар на медиумите : Беше најлош!!!

Posted on 12/20/2010 by Raisinloaf


Сите големи шпански спортски медиуми по мечот со Севиља се сложија дека најлош играч на вчерашната утакмица е Карим Бензема.

Французинот беше многу лош , не се ни движеше добро , ниту пак имаше неква шанса за погодок.И додека останатите се трудеа да му создадат шанси тој немаше никаква сила во него па нон стоп беше во офсајд.Сето тоа е вистина , а Карим Бензема е играчот кој вчера доби најмалку оцени од сите медиуми.Сето ова е повод да медиумите почнат да го селат надвор од Шпанија во Јануари.Марка тврди дека Перез е одлучен да прифати 30 милиони кои  ги понудил Арсен Венгер а со тие пари да го купат Фернандо Љоренте или некој друг напаѓач во зависност од достапноста.Французинот против Оксер најави подобри денови , но по таа утакмица се послабо игра.Тренерот го губи трпението и довербата во него а највероватно и навивачите кои повеке немаат стрпление да дочекат добри игри во серија од него.Повредата на Гонзало Игуаин во јавноста покажа колку всушност Бензема се труди и работи со цел да ја прикаже играта која сите ја очекуваат.Не дека нема талент , тоа е неоспорно но тој не се труди да го покаже тој талент.Некои ке речат дека тој сеуште не се прилагодил , но како тогаш Ди Мариа,Кедира и Озил веднаш се зацементираа во првиот тим?Сето ова полека потврдува дека Мурињо беше во право кога бараше уште еден напаѓач во летниот преоден рок а управата не му го одобри , сега повторно бара да му биде доведен но управата повторно нема дадено јасен став околу активностите на Реал на трансфер пазарот во Јануари.Во секој случај , Тевез е на излезни врати од Манчестер Сити , Един Џеко нема повеке амбиции да настапува во тим како Волфсбург , Љоренте исто така колку и да му е во срцето Атлетик Билбао , сепак клуб како Реал и можноста да настапува во Лигата на Шампионите и можноста да се бори за секој трофеј би можеле да го предомислат и да побара трансфер.Овде е и Негредо кој има Bay-back опција во неговиот договор помеѓу Севиља и Реал.Во секој случај кој и да биде доведен , веке полека сме сигурни дека многу повеке ке понудат на Реал отколку заспаниот Бензема кој не планира уште долго да се разбуди а неговите кредити по се истрошени и кај тренерот и кај управата.

No Response to "Бензема повторно на удар на медиумите : Беше најлош!!!"

Leave A Reply