недела, декември 19, 2010

Карваљо : Важно е да не примиме гол

Posted on 12/19/2010 by Raisinloaf


Рикардо Карваљо сезонава заедно со Касиљас е најсилната алка во одбраната на Реал.Рикардо смета дека одбраната е клучот на победата во секоја екипа.Португалецот смета дека Реал вечерва ке ја победи Севиља но без разлика , мораат да се потрудат да не примат гол.Тој смета дека отсуството на Кануте,Навас,Пероти нималку неја ослабна Севиља која секоја година претставува тежок противник на Реал.Карваљо оваа сезона постигна два погодока , и смета дека нема да му биде цел тоа оваа вечер и остава простор за напаѓачите.

Карваљо:Севиља е доста тежок противник.Неколку пати гледавме нивни дуели и најдобрите нивни акции и мора да се каже дека се најопасни по крилата.Но отсуството на неколку важни играчи не мора да значи ништо бидејки го имаат еден Луис Фабијано кој е комплетен играч.Снажен е , има добра завршница и одличен е во скокот.Заради тоа ни е многу важно да одиграме онака како тренерот не упатува бидејки не смееме да примиме погодок.Мислам дека тоа е најважно во секоја победа.Во тимот е се во ред,незнам од каде натписите дека Касиљас и Роналдо се скарале.Вечерва против Севиља мораме да докажеме дека немаме никакви проблеми , а тоа ке го демострираме со убав фудбал и погоден резултат за нас.

No Response to "Карваљо : Важно е да не примиме гол"

Leave A Reply