недела, декември 19, 2010

Oзил уверен во победа над Севиља

Posted on 12/19/2010 by Raisinloaf


Оптимизам во редовите на Реал Мадрид пред вечерашниот дуел со Севиља.Озил е еден од играчите кои сезона играат во врвна форма.Со самото доаѓање во тимот се прилагоди многу брзо,го учи јазикот,ја задржа формата , дури и ја зголеми онаа од Светското Првенство.Озил верува дека Реал е екипа која вечерва ги сака трите бода , но дека Севиља е тежок противник.Озил исто така е задоволен од позицијата на која е користен , па медиумите разговараа со него за враќањето на Кака но тој избегна да одговори за тоа кој би требалод а игра во првиот тим.

Озил:Вечерва сме фаворити, бидејки оваа сезона не изгубивме ниеден бод на домашен терен.Но Севиља е екипа која со години е на врвот во Примера и заслужува почит.Трите бода се многу важни за нас вечерва,тие се наша главна цел.Не се опуштивме во текот на неделата иако доаѓаат празници бидејки мора да одиграме најдобро што можеме.Се радувам на враќањето на Кака бидејки знам дека ке играм со еден од најдобрите играчи во светот.Мислам дека нема да имам никаков проблем со неговото враќање и сум сигурен дека Реал ке има голема корист од него.На тренерот е да го состави тимот и продолжи да го води вака добро и сигурно Кака ке се вклопи во неговиот стил , но тој е играч кој лесно се прилагодува на секој стил на игра.

No Response to "Oзил уверен во победа над Севиља"

Leave A Reply