сабота, декември 18, 2010

Можни засилувања за Реал во Јануари.Примера најинтересна?

Posted on 12/18/2010 by Raisinloaf


Перез и Валдано по се изгледа ке мора да му ја исполнат желбата на Мурињо за нов напаѓач во тимот.

Најдобра опција за Реал според нив би било да се ангажира играч од Примера.Играњето на Бензема топло - ладно и повредата на Игуаин ке ги принуди челниците да барат нов напаѓач.

Првиот на списокот според претседателот на Реал би бил Нелсон Валдес.27 годишниот Парагваец од рдовите на Херкулес е вреден околу 6-7 милиони евра и има договор до 2013 година но Реал има добри односи со Херкулес па би можел да го доведе за 5 милиони плус во трансферот да го вметне и Диара.Реал би го дал Момо Диара во Херкулес а Валдез би дошов во Реал.Тука е и Дренте , што значи дека многу опции се во игра.

Интересен и Нилмар....





26-годишниот напаѓач на Виљареал оваа сезона е во сјајна форма и е проценет на 20 милиони евра.Некои велат дека не е вреден исто како и 36 милиони проценетиот Љоренте но тој со клубот нема ниедна клаузула која ја одредува неговата цена.Оваа сезона постигна 9 погодоци и единствен им парира на Роналдо и Меси.Договор со Виљареал има до 2014 година.Сепак Реал би можел да преговара со Виљареал и да го побара Нилмар на позајмица и би ги плаќале сите трошоци поврзани со овој играч.Нилмар нема намера да го напушта Виљареал но понуда од Реал Мадрид тешко се одбива.Но , Жолтата подморница нема намера да се откаже лесно од Нилмар , посебно на позајмица.Реал за рок од шест месеци би исплатил 20% од неговата вредност плус неговите трошоци како што е платата.


Buy-back клаузулите секогаш достапни




Реал Мадрид сеуште може да го откупи Негредо но за тоа им се потребни 19 милиони евра и без никакви проблеми ке го добијат.Овој напаѓач , Реал го напушти минатото лето кога Севиља за него даде 15 милиони евра.Тие пари Реал ги инкасира но во договорот има клаузула која вели дека Реал без проблеми би го вратил во своите редови доколку плати 19 милиони.Негредо оваа сезона не игра перфектно но постигна 8 погодоци во сите напреварувања.Добро е што Реал би можел да смета на него и во Лигата на Шампионите.Но Негредо неодамна упати неколку нефкусни коментари на сметка на Реал , за тоа каков бил односот на клубот кон него , и играчите од младинските категории што додатно ги заостри односите со Реал.Сепак значи ли тоа дека клаузулата е само на хартија?

No Response to "Можни засилувања за Реал во Јануари.Примера најинтересна?"

Leave A Reply