сабота, декември 18, 2010

Нов голем трансфер на повидок ? Реал со 70 милиони за Бејл ?

Posted on 12/18/2010 by Raisinloaf


Жозе Мурињо добил дозвола од раководството да започне преговори со Тотенхем за нивниот најдобар игра Герет Бејл , пишува Gaughtoffside.com

Цела Европа пишува за можниот трансфер на Бејл во Реал Мадрид.Шпекулациите ги покрена Gaughtoffside.com кој тврди дека Мурињо има одврзани раце да преговара со Велшкиот интернационалец.Бејл исто како и Марсело може да игра на местото лев бек и лево крило , но поголемиот дел од сезонава игра во офанзивните позиции.Летово Реал не купуваше со астрономски цифри и сите мислеа дека по трансферите на Кака и Роналдо , Реал нема повеке моќ да прави такви трансфери.Сепак Реал не планира целата сума да биде во пари , па за да го убеди Реднап да го продаде Бејл , ке ги понуди Махмаду Диара и Гранеро плус 41 милион за Бејл.Така Целиот трансфер според Реал би коштал 70 милиони евра што значи дека Реал го цени Белј исто како Кака.Сепак ниту Тотенхем потврдил , ниту Реал го направил истото па оваа вест ке ја сметаме како една во низата шпекулации кои деновиве го поврзуваат Реал а беа демантирани.

No Response to "Нов голем трансфер на повидок ? Реал со 70 милиони за Бејл ?"

Leave A Reply