сабота, декември 18, 2010

Роналдо , играч со најмногу погодоци од слободни удари

Posted on 12/18/2010 by Raisinloaf


Кристиано Роналдо во последните две сезони во Примера е најдобриот изведувач на слободни удари, веројатно и во светот нема подобар од него во моментов.

Откако е во Реал Мадрид , Роналдо постигна 55 погодоци во службени натпревари.Не сметајки ги предсезонските натпревари , Роналдо постигнал 9 погодоци од слободни удари , плус оној кој е препишан на Пепе кога последен ја добре топката.Од тогаш тој е најдобар изведувач на слободни удари во Шпанија а ако продолжи вака сигурно ке го сруши рекордот на Роберто Карлос која во дресот на Реал каде мина 11 сезони постигна дури 35 погодоци ос слободни удари (7 пати во ЛШ и 28 во Примера).Рекордот по постигнати погодоци во Европа го држи Дел Пиеро со 11 постигнати погодоци.

Роналдо во ЛШ својот прв погодок од слободен удар го постигна против Цирих во натпревар каде два пати постигна погодок од слободен удар.Против Марсеј исто така постигна погодок од голема далечина , додека во домашното првенство против Виљареал 21 фебруар 2010 година.Оваа сезона дури три пати погоди од слободен удар а доколку уште два пати погоди ке го изадначи рекордот по постигнати погодоци од слободни удари во една сезона , со три ке постави нов.

No Response to "Роналдо , играч со најмногу погодоци од слободни удари"

Leave A Reply