недела, декември 12, 2010

Најава:Реал Сарагоса-Реал Мадрид

Posted on 12/12/2010 by Raisinloaf



Двобојот кој му дава шанса на Реал да се врати на врвот , макар и привремено се игра вечерва во 19:00 на Ла Ромаледа.

Реал Мадрид патува со ослабен состав поради повредите на Игуаин,Кедира,Рамос,Кака,Гаго,Дудек.Реал Сарагоса во последните два натпревари доби само два бода.Моментално се последни со 9 бода.Кај Реал ситуацијата е доста подобра.Реал има 39 бода , 11 победи , 2 нерешени и еден пораз од Барселона.Во последните натпревари остварија победи против Оксер 4:0 , Валенсија 2:0 , Ајакс 4:0 и Билбао 5:1 како и поразот од Барселона.Моментално се на втората позиција со стопостотен учинок на домашен терен и три кикса на гостувањата.

Сарагоса ке игра 4-2-3-1 вечерва не би требало да ги изненади на Мадриѓани.Хавиер Агуире најави рамноправна борба и од првата минута ке излезе со Франко,Диого,Ланзаро,Јарошик,Паредес,Габи,Едмилсон,Лафита,Андра,Бертоло и Понгол.На клупа ке останат Перез,Лопез,Понзио,Бутахар,Пинтер,Контини и Доблас.

Мурињо не може да смета на Рамос,Кедира и Игуаин поради повреди па со формација од 4-2-3-1 од првата минута би требало да настапат Касиљас,Арбелоа,Пепе,Карваљо,Марсело,Алонсо,Лас,Ди Мариа,Роналдо,Озил и Бензема додека на клупата ке останат Гарај,Албио,Матеос,Гранеро,Леон,Мората,Диара,Пачеко и Адан.

No Response to "Најава:Реал Сарагоса-Реал Мадрид"

Leave A Reply