недела, декември 12, 2010

Извештај : Реал Сарагоса 1:3 Реал Мадрид

Posted on 12/12/2010 by Raisinloaf


Реал Мадрид славеше на гостувањето кај Сарагоса , во натпревар во кој домакинот беше опасен по голот на Касиљас само во првите 10 минути по што до крајот на натпреварот Реал Мадрид тотално доминира.Погодоците за Реал ги постигнаа Озил,Роналдо и Ди Мариа.Со овие три бодови Реал се искачи на првата позиција но во очекување на натпреварот помеѓу Барселона и Сосиедат по што ке се комплетира колото во Шпанија.Што се однесува до натпреварот целата екипа играше одлично , а најмногу проблеми на противникот но и на својот клуб правеше Марсело кој во следното коло ке одмара поради жолти картони.Првиот погодок беше постигнат по фантастична акција во која Роналдо асистираше на Марсело а овој до Озил кој лесно го совлада голманот на Сарагоса.Вториот погодок беше ремек дело на Роналдо од слободен удар , во кој одбраната и голманот на Севиља беа тотално немоќни да реагираат додека третиот беше дело на Ди Мариа со лоб удар.Вреди да се спомне дека денеска дебитираше Алваро Мората кој влезе во игра во вториот дел на местото на Лас но немаше многу можност да се докаже бидејки во игра влезе во 89 минута а натпреварот беше продолжен три минути.

Преглед :

No Response to "Извештај : Реал Сарагоса 1:3 Реал Мадрид"

Leave A Reply