петок, декември 10, 2010

Среќен роденден , Гонзало Герардо Игуаин (Пипита)

Posted on 12/10/2010 by Raisinloaf


На денешен ден напаѓачот во редовите на Реал Мадрид , Игуаин го слави својот 23.роденден.

10.декември 1987 година во Брест е роден Гонзало Герардо Игуаин.Игуаин својата фудбалска кариера ја започнал како мал во мали француски и аргентински клубови каде покажува одличен напредок и талент што не останал незабележан од фудбалските скаути па во 2004 година направува трансфер во Ривер Плата каде игра до 2007 година и зад своето име запишува 35 настапи и 13 погодоци.

Реал Мадрид во ноември 2006 година објавува дека постигнале договор за Фернандо Гаго и Гонзало Игуаин.Гонзало не се истакна во првата сезона , постигна само 2 погодока во 22 одиграни натпревари во сите натпреварувања.За Реал дебитира на 11 Јануар 2007 година на мечот со Реал Бетис.Во својата втора сезона во дресот на Реал Мадрид постигнува 9 погодоци од 30 натпревари , за да во својата трета сезона да се истакне како прва опција во нападот на Реал , тој во сезоната 2008/09 постигна 24 погодоци во сите натпреварувања и направил 11 асистенции.Пипита наредната сезона е уште поуспешен , во Примера постигна 27 погодоци , 29 во сите натпреварувања а имаше и 8 асистенции.

Оваа сезона во 18 натпревари постигна 11 погодоци во сите натпреварувања но повредата на грбот го одалечува од терените во овие моменти па според некои ке отсуствува еден месец а според други повеке.Но со оглед дека има само 23 години потврдува дека Реал има огромен талент во своите редови кој допрва ке напредува и постигнува важни погодоци.

РеалМадрид-МК му посакува среќен роденде и брзо опоравување

No Response to "Среќен роденден , Гонзало Герардо Игуаин (Пипита)"

Leave A Reply