вторник, декември 21, 2010

Каранка:Не сакавме да ризикуваме со Рамос

Posted on 12/21/2010 by Raisinloaf


Аитор Каранка денеска на прес конференцијата за новинари  покрај вообичаените прашања говореше и за изоставувањето на Рамос.Мурињо е толку огорчен и лут по натпреварот со Севиља што не се појави на пресконференцијата па наместо него тоа го направи Каранка.Помошниот тренер на Реал потврди дека со Рамос ризикуваа против Севиља но нема да го направат истото и против Леванте.

Каранка:Полагаме доста надеж во Кралскиот Куп.Сакаме уште утре да го решиме двобојот против Леванте и ке направиме се за да успееме во тоа.Не сакам да говорам за судиите.Утре имаме важен натпревар тимот сака да победи.Истото го очекуваат и навивачите.Утре исто така ке се знае што со Роналдо , ако се чувствува добро ке игра.Со Рамос не требаше да ризикуваме но играше против Севиља , но истата работа повторно нема да ја повториме.

Мислам дека Алонсо е клучен играч на Реал и Шпанската репрезентација.Тој е сјајен играч и особа.Одлучивме денеска јас да говорам на прес-конференцијата.Мурињо тоа го направи вчера.Муруњо е сјајна особа,тренер.... и нема никакви проблеми со Валдано или Перез.Цел тим се радува на празниците, напорно работевме овие шест месеци и заслужуваме одмор кој доста ке ни помогне.Никој не сака кога постојат тензии , никој не се согласува со тоа што се случи на полувремето со Севиља.Силвино Лоуро беше изнервирам поради се и не го виде Агустин кој настрада во сета таа ситуација.Сепак тоа не треба повеке да се повтори.

No Response to "Каранка:Не сакавме да ризикуваме со Рамос"

Leave A Reply