среда, декември 29, 2010

Валдано:Никој не заминува од Реал

Posted on 12/29/2010 by Raisinloaf


Хорхе Валдано им призна на медиумите дека немаат намера да се ослободат од ниеден играч што го имаат моментално во тимот , што би значело дека нема ни да има засилувања.
Иако според некои медиуми , ке се купува нов напаѓач , како што сака Мурињо , тоа нема да се случи.Генералниот Директор на Реал Мадрид , Валдано денеска пред медиумите демантираше дека Кака оди во Интер,Диара и Каналес ке бидат ставени на трансфер листата или ке се купува Љоренте.Реал Мадрид моментално според прописите веке има 25 играчи во својот тим и ако сака да купува ке мора и да продава но да се надеваме дека Валдано е во право.

Валдано:Се ке остане исто во Реал по Јануари.Никој нема да го напушти клубот бидејки за тоа нема потреби.Сепак ако стигне вистинска понуда , ке се разгледа и можеби ке се размисли за продажба но не по секоја цена.Сеуште се нема дискутирано за замена на Игуаин бидејки официјални резултати сеуште нема и можеби сепак нема да мора на операција.Тројцата кандидати за Balon d`Or , Меси,Иниеста и Чави се големи мајстори.Оваа година Чави беше најдобар.

No Response to "Валдано:Никој не заминува од Реал"

Leave A Reply