среда, декември 08, 2010

Најава:Реал Мадрид - Оксер

Posted on 12/08/2010 by Raisinloaf


Вечерва во рамките на 6-то последно коло од групната фаза од Лигата на Шампионите на Сантијаго Бернабеу , Реал Мадрид го пречекува Оксер.

Реал Мадрид во групата Г ке се обиде да ја осигура петтата победа оваа сезона во ЛШ , што ке значи и нов рекорд на Реал Мадрид.За противник Реал вечерва ги има Оксер кој во првиот натпревар се покажа како тежок противник.Во првиот натпревар на гости Реал славеше со 0-1 со гол постигнат од Анхел Ди Мариа кој поради повреда нема да настапи.Реал нема да може да смета ни на Рамос и Алонсо поради суспензија , како и неколку повредени играчи.

Моментална форма:Реал Мадрид во ЛШ оваа сезона е одличен, ги совладоа Оксер со 0:1 , Ајакс 2:0 и 0:4 и Милан кој го добија со 2:0 а на гостувањето во Милано одиграа 2:2.Кај Оксер не се толку сјајни работите.Во ЛШ се поразени на четири од пет одиграни натпревари.Успеаја да слават само против Ајакс со кој ке се борат за влез во Лига Европа.Имаат само три освоени бодови и гол разлика од 3:8.Моментално се на 13 позиција во Лига 1 со 10 бодови од 16 натпревари.

Можни Состави:Со оглед дека Реал не може да смета на Кедира,Алонсо,Ди Мариа и Рамос , помошниот тренер Аитор Каранка вечерва ке одигра со формација 4-2-3-1 со изменет состав.Така од првата минута најверојатно ке се тргне со Касиљас,Арбелоа,Карваљо,Албиол,Марсело,Диара,Лас,Роналдо,Гранеро,Леон и Бензема.На клупата на располаѓање ке бидат Мората,Сарабиа,Пепе,Озил,Матеос,Гарај и Адан.
Кај Оксер можен состав е овој - Сорин,Гричтинг,Мињот,Колибали,Дудка,Педрети,Кафни,Траоре,Бирса,Олиех и Контут.На клупата се Јелен,Керчиа,Ндинга,Лангил,Хенгбарт,Бертод и Риу.

Меѓусебни средби:Реал Мадрид досега има одиграно против 7 различни екипи од Франција.Со Оксер има само еден дуел одигран и тоа оваа сезона првиот кој го доби со 0-1.Реал никогаш не е поразен на Бернабеу од Француски тим , па така имаат славено против Монако 4:2,Ница 3:0 и 4:0, ПСЖ 3:1 , во две финалиња ги имаат совладано Стад де Рем.На Бернабе два пати е совладан Марсеј со 3:0 и 4.2 додека со Лион во три наврати на домашен терен имаат одиграно нерешено 1:1,1:1 и 2:2.

No Response to "Најава:Реал Мадрид - Оксер"

Leave A Reply