четврток, декември 09, 2010

Извештај:Реал Мадрид 4:0 Оксер

Posted on 12/09/2010 by Raisinloaf


Реал Мадрид во последната утакмица од групната фаза на ЛШ дојде до три бода против доста офанзивниот Оксер кој беше рамноправен на теренот,барем еден дел од натпреварот.

Реал Мадрид во еден цврст натпревар со доста отворен Оксер играше ревијален натпревар барем за Оксер.Со головите на Роналдо и Бензема реал заврши со 16 бодови на првата позиција.На 17-ти декември е извлекувањето на противникот на Реал во 1/8 финалето.

За Реал настапија Дудек,Арбелоа,Карваљо,Диара,Лас,Педро Леон,Гранеро,Роналдо и Бензема додека за Оксер настапија Сорин,Дудка,Кулибали,Мињот,Гричинг,Педрети,Кафри,Олиех,Траоре,Бирса и Кунтот.

Прв нападна Реал.Бензема и Гранеро направија добра акција по што Реал го доби првиот корнер а Леон одлично го пронаоѓа Диара кој бие покрај голот.Во 11.минута Оксер бара пенал.Еден нивен играч падна во шеснаесетникот по ретко видена непотребна и панична реакција на Рикардо Карваљо но судијата не покажа на белата точка.Во 11.минута Реал доаѓа во водство преку Карим Бензема.Роналдо го наоѓа Бензема во шеснаесетникот кој од одалеченост од еден метар со глава постигнува погодок.Во 25 минута Албиол фаулира играч на Оксер по што е суден фаул а тој добива жолт картон.Мињот одлично шутира но Дудек фантастично брани.Ништо позначајно не се одвиваше до крајот на првото полувреме освен шанси и на двете страни кои не резултираа со погодок.Сепак во судиското надополнение Дудек мораше да биде заменет со Адан поради незгоден судар со еден од играчите на Оксер по што се жалеше на повреда.

Во почетоко на второто полувреме Реал веке води со 2:0.Марсело одлично го проигрува на Роналдо кој атрактивно постигнува погодок.Во 62 минута Оксер прв прави измена , влезе Самаритано наместо на Педрети.Во 72 минута Бензема доби една добра топка од Лас на левата страна по што добро шутира со лева нога а голманот на Оксер малку ја допре но не доволно да ја спречи да влезе во голот по што веке е 3:0 за Реал.Веднаш е направена првата измена за Реал Мадрид а уште поважно е што во дресот на Реал дебитираше Сарабиа кој влезе на местото на Роналдо.Четири минути покасно влегува и Гарај на местото на Марсело што значеше дека Мората нема да влезе во игра.
Во 81 минута во стил на Роналдо , Сарабиа сјајно се проби и асистираше кон Бензема но неговиот центаршут не го пронајде французинот.Во 89 минута , Бензема ги дигна на нозе присутните на Бернабеу со неговиот трет погодок по искористената грешка на голманот на Оксер.Тој прими топка од негов соиграч и проба да ја смири но само си направи проблем.Бензема ја прибра таа топка и со прекрасен удар од мртов агол го постигнува хет трикот.Судијата го продолжи натпреварот само 2 минути а Реал по последниот свиреж на судијата дојде до својата 5-та победа во групната фаза од ЛШ по 6-то коло.


Краен епилог за Реал по фазата по групи гласи : 5 победи,1 реми и гол разлика 15:2


HALLA MADRID

No Response to "Извештај:Реал Мадрид 4:0 Оксер"

Leave A Reply