петок, декември 24, 2010

Aлонсо:Со Мурињо уверени сме во титулите

Posted on 12/24/2010 by Raisinloaf


Чаби Алонсо е уверен дека со Жозе Мурињо , Реал ке освои многу трофеи меѓу кои и оној најважниот од Лигата на Шампионите.

Најкорисниот играч на белите и репрезентативец на Шпанија , Чаби Алонсо знае дека доаѓањето на Мурињо во Реал е многу важно за него и клубот бидејки Португалецот е роден победник.Смета дека Реал има многу квалитетна екипа која уште оваа сезона може да ја освои Лигата на Шампионите.Алонсо од кој најмногу се очекува на секоја утакмица вели дека секој играч е важен за клубот и дека Карим Бензема ке продолжи со оваа темпо.

Алонсо:Мислам дека доаѓањето на Мурињо во Реал е најголемото засилување за овој клуб.Тој е сјајен тренер и сјајна особа и не се согласувам со медиумите кои го критикуваат.Има посебен начин на работа на која ние играчите се прилагодивме и играме како сложна екипа.Резултатите доволно говорат.Мурињо е личност кој каде и да одел освојувал трофеи.Големиот успех со Порто и минатата со Интер се доволен доказ.Ако вака продолжиме мислам дека можеме да ја освоиме ЛШ.Покажавме дека сме една од најдобрите екипи со најмногу освоени бодови и тоа е голем успех.Секој играч на овој тим е важен и корисен за клубот.Верувам дека Бензема во новата година ке игра во голема форма и со враќањето на Игуаин и Кака ке бидеме непобедливи.

No Response to "Aлонсо:Со Мурињо уверени сме во титулите"

Leave A Reply