петок, декември 24, 2010

Бензема го блокира купувањето на нов напаѓач

Posted on 12/24/2010 by Raisinloaf


Марка открива дека Реал Мадрид за време на празниците ке рави план за доведување на нов напаѓач но нема да се брзат.Одлуката дали ке се купува или не ке се знае на средината на Јануари бидејки раководството сака да се увери во формата на Бензема и опоравувањето на Игуаин.Наводно Валдано со Мурињо одлучиле да направат план со кој би го пронашле најдоброто решение за клубот.Сепак доколку се купува , ке се бара млад,ефтин,во добра форма и да е спремен да се бори за своето место во стартните единаесет а такви нема многу.Најпрво Реал на 3.јануар има лигашки дуел со Гетафе а потоа и возвратниот дуел со Леванте.Во тие два дуела Бензема има шанса да се докаже , а сепак не е тој кој е услов за купување нов напаѓач.

Клубот не сака да доведе нов напаѓач додека не се сигурни колку ке паузира Игуаин.Игуаин и за време на празниците ке продолжи да тренира со цел да избегне операција.Како опции за нов напаѓач се споменува Лукаку кој е млад,во добра форма е и не е премногу скап но прашање е дали ке сака да биде во тим каде конкуренцијата е преголема а тој има само 17 години.

РеалМадрид-МК ке каже само едно :) МОРАТА!!!

No Response to "Бензема го блокира купувањето на нов напаѓач"

Leave A Reply