четврток, декември 23, 2010

Бензема : Ке работам напорно за да постигнам уште некој хет-трик

Posted on 12/23/2010 by Raisinloaf


Карим Бензема вчера го одигра можеби најдобриот натпревар во кариерата, постигнувајки нов хет-трик по оној на натпреварот со Оксер.

Бензема е играч од кој многу се очекува.Сезонава игра подобро од минатата но сепак не како што се очекува од него.Сепак се гледа дека има голем напредок.По двата катастрофални натпревари каде беше оценет како најслаб , Бензема врати во свој стил па го постигна вториот хет-трик сезонава , два пати асистираше и што е најважно од се е дека создаваше шанси , се трудеше и разбираше она што го барат играчите од него.Тој тврди дека е пресреќен.Пред себе,како што изјавува има една цел , а тоа е да работи напорно и да постигне уште некој хет-трик а сезонава веке има два.

Бензема:Осетив голема љубов во овациите кои ги добив од навивачите.Тоа е беше искрена и природна реакција , посебно по трите гола што ги постигнав.Но сепак , без оглед на се , јас сум пресреќен.Мората беше многу радосен кога му ја дадовме топката со која вчера игравме и на која се потпишавме сите , и беше пресреќен поради тоа.Јас планирам да се трудам и да продолжам вака да играм и да постигнувам уште погодоци , и се надевам дека ке постигнам уште некој хет-трик.По шансите што ги имавме можевме да постигнеме уште погодоци.Се надевам дека Новата година ке ми донесе уште погодоци.

No Response to "Бензема : Ке работам напорно за да постигнам уште некој хет-трик"

Leave A Reply