четврток, декември 23, 2010

Мурињо : Ги воодушевивме навивачите исто како и тие нас

Posted on 12/23/2010 by Raisinloaf


Жозе Мурињо е презадоволен со прикажаното од неговите играи на вчерашниот дуел со Леванте каде Реал во рамките од Кралскиот Куп славеше со огромни 8:0 и практично обезбедувајки настап во следниот круг.

Мурињо : Ја воодушевивме публиката , но морам да им се заблагодарам бидејки и тие беа фантастични.Ова беше преубав и забавен натпревар , погодово за младите навивачи кои беа вчера на стадионот.Жал ми е за Леванте и неговите играчи бидејки е многу тешко по еден ваков пораз , но сум среќен на начинот на кој ја завршивме оваа година.Победивме на 20 од 25 натпревари , ремизиравме 4 а само еднаш загубивме.Единствен начин да се оствари ваква победа е да тимот биде озбилен , а токму вчера целиот тим одигра озбилно.

Немам никакви проблеми со никој од клубот.Мислам дека е нормално да се има различни размислувара бидејки Реал е една огромна организација каде работат многу луѓе.Она што е најважно е тоа што Бензема сношти одигра одлично.Многу трчаше за да помогне на тимот и кога тоа ке го направите нормално е да постигнете гол или барем да пружите сјајна партија а тој ги направи и двете.Сепак единсвена причина што го извадив од игра е Мората , бидејки сакам овој млад играч кој многу ветува да осети како е да се игра пред ваква фантастична публика.

Пред натпреварот играчите ме прашаа дали можат ноќта на 5.јануар да патуват за возвратниот натпревар со цел повеке време да поминат со семејствата ако победат со 4:0.Јас им реков во шала дека ке патуваме на денот кога се игра натпреварот т.е на 6.јануар ако победат со 6:0 а тие постигнаа дури 8 па јас иако во шала сепак ке им ја исполнам таа желба , но тоа не е бидејки не ги почитуваме противниците , посебно Леванте , тоа е бидејки знам колку им значи на играчите да поминат повеке време со семејствата.

No Response to "Мурињо : Ги воодушевивме навивачите исто како и тие нас"

Leave A Reply