петок, декември 24, 2010

Гаго започнал преговори со Астон Вила?

Posted on 12/24/2010 by Raisinloaf


Фернандо Гаго наводно е на излезна врата од Реал Мадрид во Јануари , јавуваат англиските медиуми кои го поврзуваат со Астон Вила.

Наводно , од Вила стапиле со Гаго и неговиот агент со кои започнале преговори за трансфер на аргентинецот во тој клуб.Гаго кој штотуку се опорави од повредата не е сигурен дека ке се избори за стартно место во тимот бидејки има 5 дефанзивни плејмејкери од кои еден е незаменлив и најдобар играч оваа сезона - Чаби Алонсо.Астон Вила тоа планира да го искористи за да дојде до услугите на Гаго.

Винсенте Монтес , агентот на Гаго се очекува да притиска за премин на Гаго во Англија.Играчот има договор до 2013 година и е проценет на 9 милиони евра.Интерес за Гаго има и од Јувентус кој може да му гарантира место во првиот тим.Исто така Гаго би настапувал како домашен играч во Италија бидејки има италијанско државјанство.

Астон Вила пак има огромни резултатски проблеми.Моментално се 15 на табелата што е далеку од амбициите на овој тим.Сепак тие сакаат да се засилат бидејки шансите за Европа им се сеуште реални бидејки разликата до место кое води во Лига Европа ги дели само 2 бода.

No Response to "Гаго започнал преговори со Астон Вила?"

Leave A Reply