вторник, декември 28, 2010

Ди Мариа ги надминува личните рекорди

Posted on 12/28/2010 by Raisinloaf


Анхел Ди Мариа, крилниот напаѓач на Реал Мадрид оваа сезона многу лесно би можел да ги сруши своите лични рекорди кои ги стекнал носејки го дресот на Бенфика.Иако ниедно засилување од оваа сезона не може да се истакне како најдобро тоа е бидејки сите одиграа одлично и беа важни алки за Реал.Реал Мадрид за Ди Мариа плати 25 милиони + додатни 11 во зависност од успесите на играчот , сите тогаш со негодување ја примија оваа вест со образложение дека Ди Мариа не вреди толку.Сепак мислењето на навивачите се смени откако Ди Мариа стана незаменлив на својата позиција и покажа дека е сјајна инвестиција за Реал Мадрид.Ди Мариа во Бенфика во една сезона постигна 10 погодоци и 19 асистенции , а оваа сезона во дресот на Реал има 6 погодоци и 10 асистенции.Ди Мариа оваа сезона за Реал избори неколку пенала , постигна неколку одлучувачки погодоци од кои најважни оние со Оксер и Севиља каде еден гол го одлучи победникот.

Вреди да се пофали и Рикардо Карваљо кој донесе стабилност во нестабилната одбрана од минатите сезони а со поправањето на Марсело кој по доаѓањето на Мурињо едноставно се препороди и моментално е еден од најдобрите леви бекови во светот.Месут Озил исто така е сјајен ,со Роналдо се најдобри асистенти и кога оди тешко на средниот ред тој знае да го разигра.Кедира е исто така добар ,а најмногу разочараа Педро Леон и Каналес но не би требало да им се замерува не посебно на каналес кој е многу млад и имаше проблем со повредата која го одалечи од терените.

No Response to "Ди Мариа ги надминува личните рекорди"

Leave A Reply