вторник, декември 28, 2010

Реал Мадрид во 2010 година со 92% победи на домашен терен

Posted on 12/28/2010 by Raisinloaf


Реал Мадрид во 2010 година докажа дека Бернабеу е тежок терен за освојување.Статистиката говори дека се остварени преку 90% победи и само три киксови.Според последните статистички податоци , екипата која моментално ја води Жозе Мурињо во 2010 година имала само три кикса , но најголем проблем е што тие натпревари биле од големо значење за Реал.Еден пат се поразени од Барселона , и два пати ремизирале со Лион и еден пат на неслужбен натпревар со Пењарол.

Реал во 2010 се совладани само од Барселона,Атлетик Билбао и Лион , сметајки и гостинските средби.Оваа сезона Реал има само еден пораз од Барселона.Сепак на домашен терен оваа сезона сите се победи и тоа во Купот , Мурсија и Леванте со гол разлика 13:1.Во ЛШ , Оксер доби четири комада,а Ајакс и Милан по два што значи гол разлика 8:0.Во Примера на Бернабеу со наведнати глави си заминуваа , Осасуна,Еспањол,Депортиво,Расинг,Атлетико Мадрид,Атлетик Билбао,Валенсија и Севиља.На домашен терен оваа сезона во сите натпеварувања Реал има гол разлика од 47:4.Расинг,Атлетик,Депортиво и Мурсија се единствени кои успеале да постигнат погодок на Бернабеу.

No Response to "Реал Мадрид во 2010 година со 92% победи на домашен терен"

Leave A Reply