вторник, декември 07, 2010

Повикани за Оксер , Мората и Сарабиа во тимот

Posted on 12/07/2010 by Raisinloaf


Жозе Мурињо и Аитор Каранка го објавија списокот на повикани играчи за мечот со Оксер од последното 6-то коло од групната фаза на Лигата на Шампионите.Поради суспензија во тимот ги нема Алонсо и Рамос а Касиљас и Кедира добија одмор од тренерот.Исто така на списокот ги нема Кака,Игуаин,Гаго,Каналес и Ди Мариа поради повреди.Затоа Мурињо заедно со Каранка одлучиле со тимот да патуваат двајца младинци на Реал , Алваро Мората и Пабло Сарабиа од кои првиот би требало сигурно да добие шанса да заигра.

Повикани:

Дудек,Адан,Арбелоа,Албио,Пепе,Гарај,Матеос,Карваљо,Марсело,Сарабиа,Озил,Леон,Роналдо,Диара,Лас,Гранеро,Бензема и Мората.

Иако засега не е познат првиот состав , лесно може да се заклучи кој може да заигра утре од првата минута.Но познавајки го Мурињо кој утре нема да биде на клупата на Реал поради санкција , овој натпревар бидејки нема резултатско значење за клубот кој веке обезбеди прво место во групата , од првата минута би можеле да започнат младите Матеос,Мората и Сарабиа.

No Response to "Повикани за Оксер , Мората и Сарабиа во тимот"

Leave A Reply