вторник, декември 07, 2010

Реал заинтересиран за играч на Рен?

Posted on 12/07/2010 by Raisinloaf


Младиот дефанзивец во средниот ред во тимот на Францускиот клуб Рен , Јан М`Вила е на мета на Реал Мадрид откако Жозе Мурињо бил воодушен од неговите игри.Л`Екип денес ги започна шпекулациите околу можното засилување на Реал во Јануари.Но не се споменува ниту еден напаѓач туку овој 20-годишен играч на Рен.М`Вила со своите сјајни партии го привлече вниманието на многу европски клубови а неговата цена моментално е поставена на 15 милиони евра.Сепак тој неодамна изјавил дека нема да замине од Рен пред 2012 година бидејки сака да се развие како играч а со Рен е под договор до 2014 година.М`Вила многу потсеќа на Алонсо и неговиот стил на игра, добар е во дефанзива , или поточно фантастичен а во нападот испраќа одлични топки за крилните и класични напаѓачи.Сепак не е за верување на шпекулациите дека Реал ке купува играч од средината , која сезона одлично функционира.Можеби ова е играч за иднината но сепак во Јануари единствено Реал може да се засили во нападот а во моментов на позицијата на М`Вила , со загарантиран статус се Алонсо и Кедира ,додека Лас,Гранеро,Диара и Гаго чекаат можност да ги заменат.

No Response to "Реал заинтересиран за играч на Рен?"

Leave A Reply