вторник, декември 07, 2010

Челзи во офанзива за Кака во Јануари?

Posted on 12/07/2010 by Raisinloaf


Рикардо Кака полека се враќа на фудбалските терени а медиумите и натаму шпекулираат за неговата иднина во Реал Мадрид.Иако раководството и тренерот на Реал и натаму тврдат дека го очекуваат вракањето на Кака тој сеуште е трансфер цел на англискиот шампион Челзи.Сопственикот на Челзи , Роман Абрамович е незадоволен што најдобриот играч во неговиот тим Лампард има проблеми со повредите како и лични проблеми оваа сезона па затоа е одлучено клубот да ангажира нов играч на неговата позиција.Мурињо изјави дека Кака ке биде најголемотот засилување за тимот во Јануари , но 45 милиони евра колку што се шпекулира дека Абрамович ке искешира за Кака би биле и повеке од доволни да се смени мислењето на Реал бидејки клубот и така е одлично покриен на таа позиција со младите Озил и Каналес.45 милиони евра добро би му дошле и на Мурињо кој во Јануари активно ке се вклучи на трансфер пазарот по ангажман на нов напаѓач а клубот му даде само 25 милиони евра , додека неговите примарни мети Џеко и Љоренте вредат 40 милиони.

No Response to "Челзи во офанзива за Кака во Јануари?"

Leave A Reply