среда, декември 22, 2010
Алан Џагоев е последниот кој се поврзува со Реал?
Posted on 12/22/2010 by Raisinloaf
Реал Мадрид е по се тимот на кој најмногу се гледа во Јануарскиот преоден рок.Иако досега неколку пати беше демантирано дека ке има засилувања сепак тоа не ги спречува медиумите да го поврзуваат Реал со кој стигнат.Така последен на листата потенцијални засилувања се најде 20-годишниот Алан Џагоев.Џагоев последните две сезони игра на позицијата офанзивен плејмејкер и крилен напаѓач.Договор со ЦСКА Москва има до 2012 година , поради што Реал би можел да тргне по него на лето.Џагоев денеска се проценува на 10 милиони евра но Реал би можел да го доведе за 5-6 милиони со оглед дека на лето ке му останат уште само 365 дена од договорот.Наводно Перез и Валдано имат план да доведат уште млади и талентирани играчи во својот тим каде са двајца се со над 30 години.Едниот е Карваљо додека другиот е Дудек кој највероватно ке си замине по крајот на сезоната.Освен за Џагоев , Реал е заинтересиран и за рускиот голман Акинфеев но тешко дека Касиљас би седнал на клупа во следните 5-6 години.
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
No Response to "Алан Џагоев е последниот кој се поврзува со Реал?"
Leave A Reply