сабота, декември 18, 2010

Малага и Херкулес заинтересирани за Махмаду Диара

Posted on 12/18/2010 by Raisinloaf


Махмаду Диара е еден од играчите кои највероватно ке си заминат од Реал.Тој реално и е најблиску до тоа.И покрај тоа што секогаш играл без грешка , Диара е свесен дека нема да добива премногу шанса кај Мурињо.Малискиот репрезентативец наводно е решен да замине а понуди од Шпанија веке има.Добрите односи помеѓу Реал и Херкулес доведоа до тоа да Диара е на чекор до премунување во овој клуб каде би му се приклучил на бившиот соиграч Дренте.Засега не се знае а ниту е потврдено дека Диара сака да замине во Херкулес бидејки неговата цел е Лигата на Шампионите а овој клуб е далеку од таков пласман.Со оглед дека Диара е ефтин но доста квалитетен играч кој кошта до 3-4 милиони а зависно од понудите би можел да достигне цена и до 7 милиони.Неговиот договор е до 30 Јуни 2011 година и Реал сигурно сака да заработи нешто од него.Освен Херкулес за него е заинтересирана и Малага каде сопственикот на тој клуб , Шеикот од Катар , исто така го контактирал Флорентино Перез околу договорот на Диара.И двата клуба се спремни да му понудат по 1.5 милиони евра од сезона а дали ке прифати останува да видиме.Во секој случај неговите квалитети се непроценливи но помладите Кедира и Ласана Диара се во преден план кај Мурињо.

No Response to "Малага и Херкулес заинтересирани за Махмаду Диара"

Leave A Reply