четврток, декември 16, 2010

Ди Мариа:Се надевам дека Еспањол ке има добар натпревар

Posted on 12/16/2010 by Raisinloaf


Аргентинскиот интернационалец во дресон на Реал Мадрид , Анхел Ди Мариа денеска даде интервју за шпанските медиуми.Аргентинецот како и останатите играчи на Реал , сметат дека овој викенд е многу важен за Реал , бидејки Барселона има тешка задача во Каталонското дерби со Еспањол."Се надевам дека Еспањол добро ке игра.Како и да е , она што ние треба да го направиме е да ја победиме Севиља"

Ди Мариа , рече дека не се вистинити некои натписи , според кои атмосферата во соблекувалната е влошена , напротив.Според него тимот работи напорно и не постои проблеми меѓу играчите.Сите се обединети со една цел ,тимот да напредува.

Ди Мариа говореше и за неговиот досегашен престој."Изненаден сум од самиот себе , не се надевав дека толку брзо ке се прилагодам , играм добро , постигнувам погодоци , се чуствувам удобно.... Мојот однос со тренерот е фантастичен , чуствувам доверба и многу ке научам од него.

Ди Мариа говореше и за Лигата на Шампионите и дека целта на тимот е да се преселат во наредната рунда без разлика кој ке биде противникот.Тој вели дека тимот сака да му се одмазди на Лион за минатата сезона , па и тој исто така иако не беше во Реал мината сезона.

No Response to "Ди Мариа:Се надевам дека Еспањол ке има добар натпревар"

Leave A Reply