сабота, декември 18, 2010
Потврдено : Севиља без Кануте,Навас и Пероти
Posted on 12/18/2010 by Raisinloaf
Денеска од Севиља стигна потврда дека против Реал Мадрид нема да патуваат четири важни играчи поради повреди.
И така лошата Севиља која шест натпревари по ред не знае за победа во сите натпреварувања, во Мадрид пристигнува десеткувана.Грегорио Манцано не може да смета на стоперот Алексис кој е санкциониран од ЛФП додека поради повреди нема да играат , Навас кој сепак се надева дека ке биде спремен но докторите на Севиља сепак го оставија да се одмара , потоа Кануте кој поради повреда на мечот со Борусија Дортмунд теренот го напушти во првиот дел , и Диего Капел кој исто на мечот со Дортмунд во 60 минута се пожали на повреда по што беше заменет.
Повикани против Реал Мадрид се : Палоп,Фазио,Касерес,Наваро,Ромарик,Зокора,Фабиано,Ренато,Варас,Ескуде,Алфаро,Капел,Негредо,Кигарини,Дабо,Акоста,Конко,Карлос и Луис Алберто.
Натпреварот се игра утре во 21:00
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
No Response to "Потврдено : Севиља без Кануте,Навас и Пероти"
Leave A Reply