недела, декември 12, 2010

Мората дебитира на местото каде и Раул?

Posted on 12/12/2010 by Raisinloaf


Алваро Мората е повторно во составот на Реал Мадрид и вечерва би можел да дебитира на местото каде што своето деби во белиот дрес го направи и Раул Гонзалез.

Иако Мурињо веке подолго време одбива да потврди дека Мората е спремен за деби во првиот тим , вечерва би можеле да го видиме неговото деби во дресот за Реал Мадрид.Досега три пати бил во составот на Реал но не добил шанса да заигра.Медиумите и навивачите се надеваа дека тој ке заигра на мечот против Оксер но сепак шанса доби Пабло Сарабиа кој влезе на местото на Роналдо.

Но доколку Реал има поволен резултат против Сарагоса , Мората би можел да добие шанса и доколку би постигнал и погодок би го уверил Мурињо дека нема потреба да се расфрла со пари во Јануари и тој би бил решението за нападот.



На истиот стадиот во далечната 1994 година свое деби имаше Раул , најдобриот напаѓач во историјата на Реал во дебито не постигна погодот , но веднаш во второто коло постигна погодок против Атлетико.Мората би можел да крене по неговите стапки и се надеваме дека во дресот на Реал ке има успешна кариера и ке постигне 200-300 погодоци.Сепак , Мурињо изјави дека Мората не може сега да се адаптира и ризикува со него , ако сака клубот да освои титули оваа сезона.

No Response to "Мората дебитира на местото каде и Раул?"

Leave A Reply