четврток, декември 09, 2010

Aдан дебитираше со победа

Posted on 12/09/2010 by Raisinloaf


Антонио Адан вчера на мечот со Оксер дебитираше во дресот на Реал Мадрид и остави позитивен впечаток.По утакмицата изјави дека мотивација добил од Икер Касиљас.23 годишниот Адан досега го нема носено дресот на Реал во сењиорскиот тим на службен натпревар.Тој влезе во 46 минута на место на повредениот Дудек и одлично се снајде , а имаше и една одлична одбрана кога напаѓач на Оксер сам испадна пред него.Адан во првиот тим дојде во летото 2009 откако третиот голма Кодина премина во Гетафе, а досега немаше официјален настап - се до синоќа.Доби добри оцени од поголемиот дел од медиумите и никој не го критикуваше бидејки немаше причина за тоа.

Адан:Да бидем искрен , штета што дебитирав поради повреда на соиграч.Поготово што Дудек добро бранеше на почетокот на мечот.Се сретнав со Касиљас на полувремето и ми рече да бидам смирен и дека сум спремен за дебито.Овие зборови од најдобриот голман во светот ме мотивираа и бев среќен.Клубот оваа сезона дава многу шанси на младите играчи од академијата а на тренинзите имаме многу прилики да се среќаваме со играчите од помладите категории.Сега мора да се концентрираме на Ла Лига и да мислиме да 18 финалето.

1 Response to "Aдан дебитираше со победа"

Leave A Reply