четврток, декември 09, 2010

Бензема творец на 300. погодок за Реал во ЛШ!!!

Posted on 12/09/2010 by Raisinloaf


Карим Бензема вчера го одигра најдобриот натпревар во дресот на Реал Мадрид.Постигна хет-тик во дуелот против Оксер.Долго време се чекаше на ваква игра на Бензема , игра која потсетува на неговите најдобри денови во Лион.Првиот погодок што го постигна Бензема во 11.минута е посебен за Реал бидејки е 300. јубиларен погодок во Лигата на Шампионите откако оваа натпреварување се вика така.Бензема по натпреварот беше пресреќен а медиумите веднаш му се нафрлија по изјави.

Бензема:Започнувам да играм се подобро и ми е многу мило поради тоа.Полека се уигравам со оваа екипа и тоа е многу добра работа за мене но и за клубот.На мене е да продолжам вака и мислам дека ке стигнам во најдобрата форма.Многу сум среќен поради трите гола но многу поважно за мене и екипата е што победивме и целиот тим може да биде задоволен и среќен поради тоа.Многу сакам Игуаин што побрзо да се опорави и заедно да заиграме во нападот, но сега морам да ја искористам оваа шанса а тренерот ке одлучи дали ке играме двајцата заедно или само еден.

No Response to "Бензема творец на 300. погодок за Реал во ЛШ!!!"

Leave A Reply