понеделник, декември 06, 2010

Реал не ги прифаќа условите на Волфсбург за Џеко?

Posted on 12/06/2010 by Raisinloaf


Се чини дека Реал ке се откаже од трката за Един Џеко откако Реал оцени дека неговата цена е превисока.Изминатата недела босанскиот репрезентативец се споменуваше како замена за Гонзало Игуаин , и како играч кој ке му прави конкуренција на аргентинецот во стартните единаесет.Меѓутоа , Волфсбург постави висока цена т.е 40 милиони евра која Реал има финансии да ја плати но смета дека е превисока.Медиумите шпекулираат дека Мурињо ке има 25 милиони евра на располагање во Јануари што значи дека од Џеко нема да има ништо , како и од втората опција , напаѓачот на Билбао , Фернандо Љоренте кој исто така е проценет на 40 милиони евра.Опции за Реал остануваат Хуго Алмеида од Вердер,Емануел Адебајор од Сити и играчот од школата на Реал кој летово направи трансфер во Бенфика но игра како позајмен во Болтон ,Родриго Мората.

No Response to "Реал не ги прифаќа условите на Волфсбург за Џеко?"

Leave A Reply