петок, декември 03, 2010

Реал го враќа Родриго?

Posted on 12/03/2010 by Raisinloaf


Реал Мадрид размислува да ја искористи клаузулата во договорот кој Бенфика го потпиша со Реал при купувањето на младинецот Родриго Морено.Реал има потреба од засилување на нападот по повредата на Игуаин и заспаниот Бензема кој по се до Нова Година ке ја има последната шанса за докажување во дресот на Реал Мадрид.Иста клаузула има и Негредо.Но сепак Негредо игра за Севиља која плати 15 милиони за него и Реал ке мора да и исплати 19 милиони ако сака да го врати.Родриго сепак не замина во Бенфика туку остана во Болтон каде претходно беше на позајмица која трае до наредното лето но сепак е далеку поефтина солуција од Негредо и многуте напаѓачи кои се поврзани со Реал.Адебајор би го чинел Реал 15 милиони но проблем би било и неговата плата која е 7 милиони евра годишно,Форлан кој сепак со неговите 32 години е преценето од Атлетико Мадрид со 19 милиони а плус сезонава и не е во препознатливата форма.Како можно засливање според пишувањата на Марка се споменува и Един Џеко за кој и Мурињо бил заинтересиран но дали Реал ке плати 40 милиони колку што бара Волфсбург останува да видиме во Јануари.

No Response to "Реал го враќа Родриго?"

Leave A Reply